Известија дека против едно лице во редовна постапка ќе биде поднесена кривична пријава.
„Осомничените се уапсени поради постоење на основано сомнение дека сториле кривични дела прибавување, прикажување и поседување порнографски материјал со детска порнографија, експлоатација на малолетници за порнографија и сексуално вознемирување.“
Уапсени се П.Р.(47) од Вршац, С.И.(44) од Белград, Д.Ф.(51) од Бечеј, П.Г.(45) од Ада, Л.Р.(62) од Бачка Топола, Ј.С.(51) од Прокупље, С.В.(62) од Велико Градиште, Е.Г.(48), В.Д.(34), С.П.(34) од Нови Сад, У.С.(34) од Шабац и Д.М.(49) од Крагуевац“, соопшти МВР на Србија.
Се сомнева дека во подолг временски период, преку Интернет, преземале, зачувувале на уреди и споделувале содржини создадени со искористување на малолетници за порнографски цели.
Исто така, постои сомневање дека преку социјалните мрежи и мобилните апликации стапиле во контакт со малолетници кои прикажувале и добивале од нив содржини создадени со искористување на децата за порнографија, информираат од Министерството за внатрешни работи на Србија.
„Тие се осомничени дека договарале и имале средби со малолетници со цел да стапат во сексуални односи. На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени пред надлежното обвинителство“, соопштија од српското МВР.