Иако се случи во 2017 година, сепак, трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ сеуште е најголем во историјата на фудбалот. Истиот чинеше 222 милиони евра, а оттогаш наваму се променија многу нешта.
Нејмар не само што не е меѓу најдобрите играчи на светот, не само што не е повеќе во Европа, туку е далеку веќе и од просечен фудбалер. Нема играно скоро една година, за неговиот сегашен клуб Ал Хилал нема одиграно ниту десетина мечеви, па на конто на неговата судбина, јавноста се бави со она што било.
Своевремено, Нејмар беше со месеци топ тема, и неговата преселба во Париз. Тогаш неговите адвокати исплатија чек од 222 милиони евра на Барселона, а сето останато е историја.
Сега, години потоа, во јавноста излезе и фотографија од тоа парче хартија кое што ја испиша историјата на светскиот фудбал.
El cheque que cambió la historia del fútbol 🤑🤑🤑
💰 222M de euros del PSG para pagar al Barça la cláusula de rescisión del contrato de Neymar @JuanmaDiaz65 y Albert Masnou desgranan todos los detalles⤵️⤵️https://t.co/nPCPELfUCI pic.twitter.com/wU4HAzQgb4
— Diario SPORT (@sport) December 18, 2024