Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Рамос: Со години страдав играјќи против Меси!

4 февруари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Откако помина 15 години играјќи против Лионел Меси, Серхио Рамос изненади со интервјуто кое вчера го даде за ТВ ПСЖ. Да потсетиме, легендарниот Шпанец моментално игра на позицијата стопер во тој француски клуб, а негов соиграч е Меси за кого вели дека е „најдобриот играч што фудбалот некогаш го произвел“.

Рамос со години играше против Меси како дефанзивец на Реал Мадрид, го делеше најголемото фудбалско ривалство во светот, на Реал и Барселона, но и на Роналдо и Меси. Тие ја делат соблекувалната од 2021 година, а тој период очигледно беше доволен Рамос да се охрабри да изјави дека Меси е сепак подобар играч од неговиот голем пријател Роналдо.

“Со години страдав играјќи против Меси. Сега конечно уживам во неговите игри. Тој е најдобриот играч кој фудбалот некогаш го произвел”, изјави Рамос, оставајќи многумина изненадени.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ