Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Меси за СП во 2026: Се чини дека е далеку, но ако бидам подготвен…

4 февруари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Лео Меси си ја исполни целта. На последниот Мундијал во Катар стана светски првак со Аргентина. Таа титула му недостигаше и истата сега веќе ја има во својата пребогата колекција на трофеи.

И, сега, во целата таа еуфорија, фановите, јавноста во Аргентина бара од него на следното СП во 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, тој да ја предводи Аргентина во одбрана на титулата.

Јасно е дека тука се годините, но искрено Лео досега никогаш не кажал дефинитивно дека нема да игра.

Поради моите години, возраста, тешко е дека ќе играм на тој Мундијал во 2026. Го сакам фудбалот, сакам да играм, и додека бидам во добра форма и додека уживам во играњето секако дека тоа ќе го правам. Во овој момент се чини дека СП во 2026 година е далеку, но ако бидам подготвен…се зависи од тоа како ќе се движи мојата кариера“ посочи Меси и со тоа ги подгреа надежите на Аргентинците дека тој би можел да настапи и на својот шести Мундијал.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ