Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Кејн испиша историја – 200 гола во Премиер лигата! (ВИДЕО)

5 февруари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Хари Кејн е фудбалерот кој најбргу успеал да дојде до бројката од 200 постигнати гола во Премиер лигата, испишувајќи нова страница од историјата на фудбалот на Островот.

На денешниот дуел со Манчестер Сити, ѕвездата на Спарс погоди за водство од 1:0 во првото полувреме, со што го постигна својот 200-ти гол во лигата.

Кејн стана третиот играч по Алан Ширер (260 гола) и Вејн Руни (208 гола) кој ја достигнал границата од 200 гола.

Во исто време, на Хари му требаа најмалку натпревари за овој резултат – само 304 меча. Ширер го постигна 200. гол во Премиер лигата на 306. меч, а Руни дури на 462 одигран натпревар.

 


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ