Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Кејн го реши дербито: Сити веќе не изгледа на шампионски тим (ВИДЕО)

5 февруари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Фудбалерите на Тотенхем го совладаа Манчестер Сити во големото дерби од 22. коло на Премиер лигата со 1:0 и не му дозволија на шампионот да го искористи вчерашниот „кикс“ на Арсенал за да се доближи на врвот на табелата во битка за титулата.

Херој на мечот беше неверојатниот Хари Кејн, кој со својот 267. гол во дресот на Тотенхем го реши прашањето на победникот и стана најдобар стрелец во историјата на клубот.

Манчестер Сити вечерва беше далеку од оној шампионски тим на „граѓаните“ кој сме навикнале да го гледаме и евидентно е дека тимот на Гвардиола влегува во криза.

Во 87. минута Тотенхем остана со десетмина на теренот, откако Кристијан Ромеро го заработи вториот жолт картон, но Сити немаше доволно време да ја искористи предноста.

 


Standings provided by Sofascore

 


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ