Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

ФИФА им го сврте грбот: Барселона задоцни 18 секунди и остана без засилување!

4 февруари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА) не ја прифати жалбата на Барселона во врска со трансферот на дефанзивецот на ЛА Галакси, Хулијан Араухо.

Каталонците го договорија доаѓањето на мексиканскиот десен бек за да го пополнат заминувањето на Ектор Белјерин во Спортинг, трансферот беше во завршна фаза, но на неверојатен начин не се реализираше.

Барселона доцнеше 18 секунди да ја достави целата потребна документација до службата на ФИФА и остана без Араухо. Поднесоа жалба, посочувајќи дека има компјутерска грешка, но ФИФА ја одби.

Не се знае дали ќе се вратат за Арауха во следниот преоден рок. Мексиканецот остана без трансфер во кариерата, а Барса без играч кој би ја покриел нивната позиција во дефицитот.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ