Фудбалерите на Баер (Л) со голем пресврт и победа од 5:2 доаѓаат до ниви три бода во германската Бундеслига. Денеска момците на Чаби Алонсо им приредија вистински шок на своите навивачи, откако дозволија во првите 20 минути гостите од хајденхајм да дојдат до предност од 0:2.
Сепак, домаќините до полувреме успеаја да се повратат и со два гола за само две минути во 30. и 32. минута преку паласиос и Патрик Шик да дојдат до израмнување – 2:2. Во вториот дел го видовме вистинското лице на „фармацевтите“ кои со уште два гола на Шик кој дојде до хет-трик и еден на Џака на крајот славеа со 5:2.
Седум гола видовме и на еден неверојатно возбудлив меч во Хофенхајм. Таму Лајпциг двапати водеше, но на крјаот загуби. Тимот на Елмас поведе со 0:1 и 1:2, а домашните двапати се враќаа за реми (1:1 и 2:2). Во вториот дел Лајпциг повторно дојде во водство од 2:3, но во завршницата Хофенхајм не само што по третпат израмни, туку и постигна победнички гол преку ларсен за конечни 4:3.
Во останатите денешни дуели од 11. коло:
Штутгарт – Бохум 2:0
Волфсбург – Унион Берлин 1:0
Борусија (Д) – Фрајбург 4:0