Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Билбао го “скрши“ Кадиз! (ВИДЕО)

3 февруари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во првиот меч од 20.коло во Ла Лига, вечерва Билбао на свој терен успеа со 4:1 да го победи Кадиз и да освои големи три бода.

Билбао беше далеку подобар тим, уште во 10.минута преку Сансет дојде во водство од 1:0, но Кадиз врати со гол за 1:1 во 25.минута преку Ескаланте.

Но тоа беше се од гостите, Сансет и Алварез стрелаа за 3:1 до крајот на првиот дел, за да во второто полувреме Сансет со својот трет гол стрелаше за конечни 4:1. Треба да се каже дека во 57.минута остана со играч помалку откако Берчиче доби втор жолт картон.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ