Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Циклонот „Ешли“ ќе ја погоди Романија – нови поплави на повидок во текот на викендот

27 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

 Метеоролозите предвидуваат до 100 литри дожд на квадратен метар, што може да предизвика нови поплави. Температурите ќе паднат од 30 на 15 степени Целзиусови.

„Викендов, Романија ќе биде погодена од екстремни временски услови. Циклонот „Ешли“ ќе ја помине земјата од запад кон исток, со врв во недела навечер во Букурешт и јужните окрузи“, изјави директорката на Националната метеоролошка служба, Елена Матееску.

Министерот за животна средина, Мирча Фекет, предупреди дека состојбата може да предизвика слични ситуации како поплавите во Галац, кога седум лица загинаа поради циклонот „Борис“. Властите ги проширија набљудувањата на притоците на Дунав, а одлука за евакуација ќе биде донесена по состанокот на владината комисија за вонредни состојби.

Романската администрација за води предупреди дека ако протокот на Дунав надмине 15.000 кубни метри во секунда, може да дојде до поплавување на автопатот Соарелуј./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ