Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Се онесвести гостин среде емисијата на пропагандистот на Путин (ВИДЕО)

22 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Андреј Карнеев, директор на Факултетот за азиски студии на Високата економска школа на Московскиот универзитет, колабираше за време на панел дискусијата за голем број политички прашања во Русија.

Подоцна беше кажано дека гостинот на емисијата закрепнал по инцидентот. „Њузвик“ објави дека Карнеев рекол дека имал вртоглавица и не спиел доволно претходната ноќ. Исто така, тој рече дека е нервозен. Не сакал да го напушти студиото до следната пауза.

„САД никогаш не ги сметаа обоените за луѓе“, рече Соловиев неколку моменти пред неговиот гостин да се онесвести. Снимката од човекот кој се онесвести во емисијата на пропагандистот на Путин има илјадници прегледи.

Корисниците на социјалните мрежи се потсмеваат на видеото. Еден корисник на Твитер коментираше: „Не можеше да го слуша Соловјов, па реши да умре“.

Шоуто на Соловјов во Русија се прикажува веќе 11 години.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ