Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Почна карневалот во Венеција, по две години сега е без ограничувања (ВИДЕО)

5 февруари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Веселбите ќе се одвиваат без никакви ограничувања по три пандемични години.

Свеченостите започнаа во саботата вечерта кога брод со статуа на еднорог и танчери заплови по централниот Гранд Канал. Денеска маскирани лица поминаа низ градските канали со украсени чамци и гондоли. Историјата на фестивалот во Венеција започнува во средниот век, а познат е по прецизно изработените костими и венецијанските карневалски маски.

Стотици илјади гости секоја година пристигнуваат во градот на северот на Италија од целиот свет на прославата која трае до 21 февруари. За прв пат по три години наметнати епидемиолошки мерки поради пандемијата на коронавирус, овогодинешните свечености на карневалот во Венеција се одржуваат без никакви ограничувања.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ