Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Најмалку 15 загинати во одрон во рудник за злато во Индонезија

27 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Спасувачите се обидуваат да пронајдат седум лица кои се водат за исчезнати, пренесува Ројтерс.

„Жртвите се жители кои рачно копаат злато“, изјави индонезиски функционер, додавајќи дека во моментот на уривањето во рудникот имало 25 лица, од кои 15 загинале, додека тројца се повредени, а седум лица се водат како исчезнати.

Нелегален рудник за злато во областа Солок се урна по лизгање на земјиштето вчера вечерта по обилните врнежи, рече Ефенди, додавајќи дека на спасувачите им биле потребни осум часа да стигнат до местото на несреќата, до кое не може да се стигне по пат.

Полицијата и армијата рано утринава ја започнале потрагата по исчезнатите и евакуацијата на загинатите.

Несреќите во малите и диви рудници во Индонезија се чести, потсетува британската агенција, наведувајќи дека минералните суровини најмногу се наоѓаат во оддалечените области.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ