Спасувачите се обидуваат да пронајдат седум лица кои се водат за исчезнати.
- Жртвите се жители кои рачно копаат злато, изјави индонезиски функционер, додавајќи дека во моментот на уривањето во рудникот имало 25 лица, од кои 15 загинале, додека тројца се повредени, а седум лица се водат како исчезнати.
Ефенди додаде дека нелегалниот рудник за злато во областа Солок се урнал по лизгање на земјиштето во четвртокот вечерта по обилните врнежи. На спасувачите им биле потребни осум часа да стигнат до местото на несреќата, кое не е достапно по пат.
Полицијата и армијата рано утринава ја почнале потрагата по исчезнатите и евакуацијата на загинатите.