Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Мелони: Г7 ќе расправа за потерницата по Нетанјаху, терористите и Израел не се исто

23 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

„Оваа влада останува цврста на една работа: одговорноста на државата Израел и терористичката организација Хамас не може да се поистоветува“, се вели во изјавата на премиерката Мелони, која рече дека ќе ги „испита мотивите“ на МКС.

Италија, која во моментов претседава со групата Г7, во понеделник ќе биде домаќин на министрите за надворешни работи во Фиуџи, град во близина на Рим.

Во четвртокот, МКС издаде налози за апсење на Нетанјаху и неодамна отпуштениот израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Сојузниците на Израел ја критикуваа одлуката. Генерално, од земјите-членки на МКС се бара да ги извршат налозите за апсење, иако меѓу тие држави постои несогласување за тоа како да постапат со Нетанјаху. Унгарија веќе соопшти дека има намера да го игнорира налогот за апсење.

Останатите членки на Г7 се САД, Канада, Британија, Јапонија, Франција и Германија. САД, како и Израел, не го признатаваат Меѓународниот кривичен суд.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ