Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Меланија Трамп го нарекла чудо тоа што нејзиниот сопруг преживеал два обида за атентат

27 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во своето прво телевизиско интервју по повеќе од две години, Меланија Трамп за „Фокс и пријателите“ рече дека на почетокот едвај разбрала што се случува кога го видела својот сопруг „на подот“ на 13 јули на предизборниот митинг во Батлер Пенсилванија, откако „го закачи“ куршум, пишува Њујорк пост.

Поранешната прва дама рече дека истрчала до телевизорот, ја премотала сцената и повторно ја гледала.

„Кога го видов сето тоа, а никој навистина не знаеше што се случи. Го гледам на подот и навистина не знам што се случи“, рекла Меланија Трамп (54).

Таа откри дека била во Њујорк на 15 септември кога нејзиниот сопруг по втор пат бил цел на снајперисти, овој пат додека играл голф во близина на неговиот имот Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида. И тој пат го видела целиот настан на телевизија.

„Веднаш се јавив и тајните агенти беа одлични, рекоа дека е добро“, рекла Меланија.

„Двата настани се всушност чудо. Ако навистина размислите, чудо се случи на 13 јули. Можеше да се случи тој повеќе да не е со нас“, рече таа, покажувајќи со прстите колку блиску бил куршумот на атентаторот до главата на нејзиниот сопруг.

Таа, исто така, ја коментираше рацијата на ФБИ на имотот Мар-а-Лаго во август 2022 година, што беше спроведена како дел од владината истрага против Доналд Трамп за криење доверливи документи од Белата куќа.

Таа рече дека е навистина лута поради тоа, нарекувајќи го упадот „нарушување на приватноста“.

Агенти на ФБИ ја пребарале гардеробата на Меланија Трамп, канцеларијата на нејзиниот сопруг, па дури и наводно плакарите на нивниот син Барон.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ