Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

И Турција има балистичка хиперсонична ракета- „џенк“ ќе има дострел од 1.000 километри (ВИДЕО)

23 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Оваа прва ракета со среден дострел ја развива Рокетсан, а според информациите од таа компанија, оваа ракета би требало да биде првата хиперсонична ракета произведена во Турција која ќе ја вградува најнапредната технологија, потсетува независниот геополитички магазин Turkish Century на платформата Х .

Компанијата Рокетсан е водечка компанија во областа на развој на балистички ракети, а минатата година ја претстави балистичката ракета „Тајфун“ со дострел поголем од 550 километри, објави Б92. По Тајфун, ракета со краток дострел, Рокетсан сега развива ракета со среден дострел што се очекува да има дострел од над 1.000 километри.

По успешните тестови на моторот, наскоро се очекува и првото пробно лансирање на балистичката ракета „Џенк“ (што на турски значи војна).

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека турската воена индустрија ќе развие балистичка ракета со среден дострел за време на тестот на Тајфун на 12 мај 2023 година.

Во таа прилика беше истакнато дека „Џенк“ ќе биде една од најнапредните балистички ракети со среден дострел во светот со голема моќ на маневрирање.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ