Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Блинкен до Израел: Натамошната ескалација на конфликтот ќе го отежне враќањето на цивилите дома

27 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека за време на разговорот со израелскиот министер за стратешки прашања Рон Дермер ја истакнал важноста од постигнување договор за дваесет и еднодневен прекин на огнот меѓу Израел и Либан.

„Тој нагласи дека натамошната ескалација на конфликтот само ќе ја отежне целта – враќањето на цивилите“, се наведува во соопштението и се додава дека разговарале и за напорите за постигнување прекин на огнот и во Газа.

Израел вчера ги отфрли повиците на меѓународната заедница за примирје во конфликтот со Хезболах, со што му пркоси на својот најголем сојузник – Вашингтон. Тие, исто така, продолжија со нападите во кои загинаа стотици луѓе во Либан.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ