ВМРО-ДПМНЕ се огласи со соопштение по повод недоличното однесување на лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев, кој со погрдни зборови и пцости го нападна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на собраниска седница.
"Во недостаток на идеи, во насилството партнер на Филипче и СДС им е пудлицата Димитар Апасиев. Филипче и СДС деновиве во Собранието приредија драма, пцовки, или недолично однесување наместо аргументирана дебата.
Ова недолично однесување кое Филипче го манифестира преку својата пудлица Апасиев е сликата за опозицијата во државата. Сликата која Филипче ја прави е слика полна со навреди кон семејствата на поединци. Додека СДС и Левица практикуваат навреди, насилство, недолично однесување, ВМРО-ДПМНЕ нуди поинаков пристап кој нуди решенија за граѓаните и за државата.
ВМРО-ДПМНЕ нема време за ваков примитивен пристап во законодавниот дом и воопшто на општествената сцена. ВМРО-ДПМНЕ го осудува ваквото недолично однесување на СДС и Левица. ВМРО-ДПМНЕ работи единствено во интерес на граѓаните и државата," стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.