Vreme.mk - Дознај на Време.

Македонија

(ВИДЕО) Обелоденет четврт бизнис на владата на СДСМ и ДУИ со руски тајкуни блиски на Путин

5 февруари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Емисијата КОД на Снежана Лупевска вечерва открива дека владата на Ковачевски и Ахмети купува поскап руски гас од фирма чиј сопственик е под на две земји на НАТО.

По скандалот со рускиот шпион Онишченко, изборот на хрватската фирма за надзор на автопатот кој треба да го гради американската фирма Бехтел која е на руски олигарси блиски на Путин и руската врска со фабриката за вода во селото Гари, КОД открива нов четврт линк на владини актери со бизниси на руски тајкуни.

Александар Лебедев екс оперативец на КГБ и лице под санкции на Канада и САД е сопственик на Балкан ЈУТИЛИТИС – фирма регистрирана во Софија од која владата на Ковачевски и Ахмети купуваат поскап гас, а информациите ги кријат како државна тајна.

КОД вечерва објавува информации за бугарската компанија „Балкан Јутилитис“ чии банкарски гаранции дадени при набавка на гас, државната компанија ЕСМ ги прогласи за доверлива информација.

КОД истражува какви гаранции всушност се барале од фирмата од Софија поврзана со контроверзниот руски билионер Лебедев и какви политички конекции има ова мала бугарска фирма.

Сторијата на Код на Телма е во вториот дел од емисијата

 

Линкови за рускиот тајкун Лебедев близок на Путин

ГАРДИЈАН

ПОЛИТИКО

БИЗНИС ИНСАЈДЕР

Фото: принтскрин КОД ФБ

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ