Поминаа три години од кобната автобуска несреќа на автопатот
„Струма“ во која животот го загубија 45 македонски државјани, а седуммина беа
тешко повредени.
Компанијата доби четиригодишна забрана за меѓународен превоз
и парична казна од 800.000 денари. Беким Хаџиу, сопственикот на Беса Транзит, е
осуден на една година и осум месеци затвор за фалсификување на документи кои
потоа ги користеле возачите кога со автобуси со патници излегле од државата.
Автобусот на Беса Транс во раните утрински часови на 23
ноември се судри со ограда на автопатот Струма кај селото Бошнек. Непосредно пред раскрсницата Бошнек излетал од патот, удрил
во заштитна ограда и потоа се запалил при што загинале 45 лица, од кои 13 биле
деца.<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK"></span>