Син на поранешен висок функционер на ДУИ во МВР и во други институции, е ликот кој од Турција на криминалните банди им ја дојавил акцијата што МВР планирало да ја почне во вторник, објави<span> </span>„Плусинфо“.
Поради тоа, полициската акција против мафијашките кланови почна во неделата во доцните попладневни часови.
Иако започната пред планираното време, акцијата е успешна. Се апселе членови на кланови во Дуќанџик и во Арачиново.
Плусинфо<span> </span>дознава дека во моментов 7 лица се зад решетки. Пронајдени се извесни количества кеш и оружје, но се трага по арсенал скриено оружје.
Со акцијата се расветлуваат неколку познати убиства меѓу клановите. За 4 убиства веќе се добиени клучните информации.
Акцијата на МВР за разбивање на мафијашките кланови предизвикала паника во редовите на ДУИ.