Едно лице е повредено во пукање што се случило во кафуле во Арачиново од засега непознати причини. Според телевизијата <a href="https://telma.com.mk/2024/11/23/edno-licze-povredeno-vo-pukane-vo-arachinovo/">Телма</a>, инволвиран бил и контроверзниот Шенол Маслани во јавноста познат како Шенки Версаче.
Неофицијално, повреден во престрелката е Шенад Ајдини, кој успеал да побегне од местото на настанот со автомобил од марката БВМ.
Маслани е брат на Фарук Маслани кој беше помилуван од страна на претседателката Гордана Силајновска, што наиде на рекации од јавноста.
<br>