Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

ТАЖНИ ВЕСТИ од Хрватска: Јасмин Ставрос отишол на лекар заради болка во грбот, му откриле рак на коските

22 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Хрватскиот пејач Јасмин Ставрос откри дека има рак на коските. Имено, музичарот истакнал дека е во фаза на борба за животот, посочувајќи дека се го боли, особено грбот. Јасмин открил и дека се чувствува многу уморно, исцрпено, но и оптимистично.

Пејачот пред неколку дена отишол во болница поради болки во грбот и таму и била поставена дијагнозата и оттогаш е на болничко лекување.

-Постојано сум во болница, оттогаш не сум дома. Се чувствувам лошо, ме боли грбот, сè. Ми даваат секакви лекови против болки, некои помагаат, некои не, вели Ставрос.

Ставрос се соочил со опасната болест и покрај тоа што живеел најздрав можен начин на живот. Ставрос живее на село, во мир и хармонија со природата, познат е по здравиот живот, умерената исхрана и спортувањето. Откако во 2008 година се преселил во гратче во близина на Јастребарско, тој и неговата сопруга Жарка уживаат во долгите прошетки и работата низ куќата.

– Го купив тој подрум и го направив вселив. Секој ден станувам околу девет, играм тенис, ако имам обврска одам во Загреб, а ако немам уживам на чист воздух. Попладне повторно играм тенис или возам велосипед, трчам. Главно спорт и здрав живот. Не ни гледам телевизија, само Лаудато. Секоја вечер одиме до блиското село, па се враќаме дома. Не постои град во кој во недела можете да трчате, да разговарате и да немате никој околу вас. Ова го нема ниту во Загреб, ниту во Сплит, ниту во кој било друг град, изјавил претходно.

Тој додал и дека се преродил во селото. Во близина на неговиот дом има две цркви каде што нашол духовен мир, а често одел на миса во Котаре, на околу 15 километри кон планините Самобор. Дел од годината ја поминувал и на Корчула. Повторно во мир, здраво и во склад со природата. Се пофалил дека во својата градина берел сливи и јаболка, наводнувал зеленчук и трева. Посадил и домати, краставици, компири, зеленило во градината, имале и голем овоштарник, па сами си правеле јаболков оцет, мармалад, сокови.

Телефонот во болницата и кај Ставрос деновиве не престанува да ѕвони. Сите прашуваат како е, дали можат да помогнат на некој начин. Се молат тој наскоро да оздрави. Тој е пример, идол, за многу помладите колеги од него научија како да ја сочуваат младоста, а пред се како да ја спојат естрадната работа со хармонијата на семејниот живот.

Веќе за следниот месец Ставрос најави настапи, но се уште не размислува дали да ги одложи или не. Тој е целосно посветен на борбата за своето здравје, а сите што го познаваат Ставрос се молат што побрзо да застане на нозе и да запее на сиот глас, пренесува „24сата.хр“.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ