Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Харисон Форд со комплименти за Хелен Мирен: Се уште си секси (ВИДЕО)

3 февруари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

80-годишниот актер зборуваше за својата три години помлада колешка со која пред 37 години глумеше во филмот „Москито Коуст“. Колбер се интересирал дали Форд мисли дека 77-годишната актерка се уште е жешка, а Форд како топ одговорил: „Се уште е секси“.

Неговиот одговор предизвика аплауз кај публиката, а водителот се обиде да дознае дали има нешто помеѓу Форд и Мирен, но актерот во манир на вистински џентлмен само енигматично се насмевна. Колбер раскажа како актерката го бакнувала во уста кога дошла во неговото шоу, а Форд се насмеал и рекол дека Мирен е талентирана актерка.

“Таа е навистина неверојатна за гледање. Имавме многу физички акции, што таа ги направи многу добро. Таа само скокна и правеше работи што не би замислиле дека ќе ги направи Хелен Мирен”, ја пофали Форд за нејзината улога во споменатиот филм.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ