Поранешниот фудбалер Душко Тошиќ по разводот со поп дивата Јелена Карлеуша изгледа повторно ја најде среќата.
Според негови блиски извори, Тошиќ е во врска со атрактивна и успешна жена која целосно му го променила животот.
Имено, според изворот, Душко моментално е во врска со жена која е на негова возраст, а парот се запознал на приватна забава преку заеднички пријатели.
- Душко зад себе остави едно животно поглавје. Таа е многу успешна жена, а можам да ви кажам дека е и многу убава и привлечна. Тие се вљубени еден во друг како тинејџери. Тие се на иста возраст, а се запознале преку заеднички пријатели на приватна забава. Се среќаваат во ресторанот на неговиот најдобар пријател во Сењак бидејќи таму имаат максимална приватност. Душко отсекогаш важел за голем заводник, џентлмен, а оваа дама целосно го променила и сака да се смири покрај неа. Засега не сака да ја претстави во јавноста - вели соговорник за <a href="https://www.kurir.rs/stars/9504112/dusko-tosic-ima-novu-devojku">Курир </a>кој е добро упатен во животот на поранешниот репрезентативец, кој додава дека ќерките на Тошиќ и понатаму му се главен приоритет:
- Зад Тошиќ е турбулентен период. Верувај ми, тој многу се промени. Ништо не го интересира освен ќерките на кои е максимално посветен, работата и избраничката со која ужива. Заедно патуваат, одлично се сложуваат и можам да ви кажам дека нашол мир. А во неговата работа како фудбалски менаџер работите се одвиваат како што планира. Има мал круг на луѓе кои ги гледа и тој начин на живот совршено му одговара.
За потсетување, Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ имаат две ќерки Атина и Ника, а како што истакна пејачката, целиот заеднички имот стекнат за време на бракот по разводот кој следеше по 16 години ќе им биде доделен на нивните наследнички, додека старателството ќе и биде доверено на музичката ѕвезда.
Фото: Профи, Инстаграм