Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Оваа убавина на босанката Асима ЈА ИМААТ САМО 0,17% ОД ЖЕНИТЕ ВО СВЕТОТ. Ја бараат сите

5 февруари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Асима Сефиќ од Бихаќ, која порталот „Брајтсајд“ пред две години ја вброи во листата на најубави необични девојки на светот, вели дека планира кариерата да ја продолжи надвор од границите на Босна и Херцеговина.

„Се обидов да постигнам резултати, да бидам пример за другите млади луѓе кои масовно ја напуштаат земјата но, за жал, повеќе не можам да се видам себеси во земјава во која знам дека не можам да ги остварам моите планови и да работам на напредок. уште живеам во Бихаќ, но секако не планирам да градам иднина овде“, изјави таа за „Слободна Далмација“.

„Со оглед на тоа што не сакав да продолжам да се занимавам со манекенство во Босна и Херцеговина бидејќи знам дека нема да ги постигнам целите и желбите што ги замислував, почнав да работам за хрватскиот пазар. Често доаѓав во Хрватска, пред се затоа што седиштето на мојата агенција е во Загреб“, додаде Асима, која неколку пати беше на насловната страница на „Вог“ и на „Хафингтон пост“.

Асима признава дека манекенството не е секогаш лесно.

“Во светот на модата влегов многу млада и незрела. Се разбира, ми требаше многу време да стекнам самодоверба, а со тоа и да научам дека не секој ми посакува добро. Научив дека треба да се потрудиш за твојот успех и цел затоа што се што сум постигнала до сега – требаше многу страдања за да стигнам до таму. Секоја работа, вклучително и оваа, има свои маани и доблести“, заклучи таа.

Фотографот кој работи со Асима објасни зошто сака да работи со неа.

“Модел на повеќето мои фотографии е убавата Асима Сефиќ, црвенокоса девојка со пеги и сини очи, која стана моја најголема инспирација. Овие фотографии се дел од мојот личен проект што го започнав пред многу години. Мојата база на податоци за црвенокосите продолжуваат да растат од месец во месец. Црвенокосите се многу уникатни и имаат посебна врска со публиката, тие се само 0,17 проценти од жените во светот, Асима е ретка појава барана од сите. “, изјави фотографот.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ