Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Како изгледа животот во град каде што паѓа најмногу снег на светот? (ВИДЕО)

23 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Овој град секоја година го погодуваат силни снежни виулици и ледени бури, па Аомори и околните места се покриени со дебел слој снег во текот на целата зима, кој останува до април. Си-Ен-Ен објави дека просечно годишно паѓаат 7,9 метри снег.

Луѓето мораат да исфрлаат лопати снег секој ден, без исклучок. Снежните наноси понекогаш се толку високи што ги спречуваат луѓето да ги напуштат своите куќи, а улиците во центарот на градот се замрзнати. Тротоарите се покриени со високи снежни ѕидови кои стануваат повисоки кога минуваат плугови кои го расчистуваат патот. Најголем дел од снегот во овој град паѓа во последната недела од декември.

„Тука е постојана борба секој ден“, изјави Јулија Минатоја, една од жителите на градот за Си-Ен-Ен.

Екстремните снежни врнежи се резултат на студените сибирски ветрови кои доаѓаат од северозападен правец и предизвикуваат брзо формирање на облаци. Поради ниските температури во градот наместо дожд, врне снег.

Сепак, и покрај големата количина на снег, Аомори не се затвора во зима. Многу туристи доаѓаат на скијање и други спортски активности. До Аомори може да се стигне со авион или воз.

Во овој град живеат околу 275.000 луѓе. Иако Аомори добива голема количина снег секоја година, градот не е претерано студен. Во градот моментално е 4°C.

Освен Аомори, најснежните градови во светот ги вклучуваат Сапоро, Акита и Тојама во Јапонија, Св. Џон, Квебек и Сагуенеј во Канада, Сиракуза, Рочестер и Бафало во САД.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ