Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Вучиќ: Срам да ви е, јас ниту противниците не ги испраќав во Хаг, вие ги доставувавте во вреќи

2 февруари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

„Срам да ви е!“ рече претседателот Вучиќ во Собранието и продолжи:

„Сите си заминаа доброволно? А Толимир кога го носеше во кеса од другата страна на Дрина? Ги третираше како кило месо, а доаѓаш да ни држиш лекции за патриотизам“.

Претседателот на Србија додаде дека и од него било побарано да ги достави Србите во Хаг, но дека тој не го сторил тоа.

„Тоа ми го бараа за политичките противници, на кои можеби ми одговарало да ги испорачам, но не го направив тоа, а вие испорачавте српски херои во вреќа. Ќе наречете некого предавник?“ праша претседателот Вучиќ.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ