Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Циклонот „Барбара“ ја завеа Грција во снег, проблеми на патишатата и пристаништата (ВИДЕО)

5 февруари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во меѓувреме, Цивилната заштита, противпожарната бригада, полициските, регионалните и градските власти повторно се состануваат, пишува Елефтеротипија.

Во Атика, сообраќајната полиција соопшти дека возачите кои се движат низ целата патна мрежа на префектурата Атика мора да носат синџири за снег или друга опрема што не се лизга. Забрането е движење за тешки товарни возила од над 3,5 тони на неколку автопати. Властите, исто така, забранија такви камиони и од делниците на националниот пат Атина-Солун.

Полицијата денеска напладне забрани сообраќај во предградијата на Атина.

Патроли се поставени од противпожарната бригада, грчката полиција, вооружените сили и други, вклучително и комбиња на армијата и полицијата за да им помогнат на луѓето со проблеми со мобилност доколку се појави потреба.

Редовните линии на бродовите се во прекин на пристаништата Пиреја, Рафина и Лаврио поради ветровите со голема брзина кои во делови од морето се регистрирани со брзина од 9 бофори. Силните ветрови принудија да бидат прекинати линии и во Јонското Море.

Најголем дел од проблемите во Централна Грција се регистрирани во Централна Евија и особено во областа на планината Дирфис, каде што е прогласена вонредна состојба. Во регионот Фтиотида во Централна Грција, тешката механизација се справува со подмрзнување на патиштата. „Беше интензивна ноќ поради мразните услови, но временските феномени стануваат се поинтензивни од рано утрово“, изјави за АНА-МПА заменик-регионалниот директор Елиас Санидас. Магистралниот пат не претставува проблеми, додаде тој.

Противпожарната бригада извести за 30 соборени дрвја од силниот ветер во регионот Северна Грција.

На Пелопонез, синџири за снег се потребни во делови од префектурата Коринт.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ