Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Хрватска ќе и помага на Украина во деминирањето

3 февруари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Ден по првата (во историјата) седница на Европската комисија со влада во воена зона, во Киев се одржа самит на лидерите на ЕУ и Украина, а во заедничката изјава беше спомената и помош за деминирање, за која ЕУ првично обезбедува 25 милиони евра, а во која  ќе учествува и Хрватска, како единствена земја членка со неодамнешно искуство од одбранбена војна и деминирање на своја територија. Деталите за учеството на Хрватска се уште се разработуваат, но потврдено е дека Хрватска активно учествува во развојот на концептот на овој вид европска помош за Украина, дека обезбедува и одредена опрема за деминирање и дека таа го нуди Загреб како место за конференција за деминирање, јваува Вечерњи лист.

Опремата за деминирање што ја дава Хрватска во моментов е помала, не станува збор за машини, кои се поголеми и поскапи, а за набавката се уште се преговара. Оваа форма на европска помош за Украина се спроведува под цивилен, хуманитарен, а не воен знак

– Големо количество мини и други експлозивни направи се пронајдени на територијата што ја ослободија вооружените сили на Украина. Ќе обезбедиме до 25 милиони евра за поддршка на напорите за деминирање на овие загрозени подрачја. Заштитата на цивилите е приоритет – изјави Жозеп Борел, висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, најавувајќи го овој дел од помошта во Киев.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ