Генералниот секретар на НАТО Марк Руте утре, 19 декември, пристигнува во посета на Бугарија, соопшти Министерството за одбрана.
На полигонот „Ново Село“, Руте ќе се запознае со активностите на Мултинационалната борбена група со рамковната земја Италија, чиј домаќин е Бугарија.
Генералниот секретар на НАТО ќе оствари средба со министерот за одбрана Атанас Запријанов и началникот на одбраната адмирал Емил Ефтимов. Ќе се разговара за прашања од актуелната агенда на Алијансата. На средбата ќе учествува и министерот за надворешни работи Иван Кондов.
Во доцните попладневни часови на полигонот во Ново Село изјави ќе дадат Руте, Запријанов и Кондов.