Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Учениците со филмска сцена се простуваат од омилената наставничка, снимката е хит (ВИДЕО)

1 јуни 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

На последниот училишен ден, учениците застанаа на клупите. „О, капетане, капетане мој, ќе ни недостигаш“, рече ученикот, кој прв застана на клупата. Сите останати се качија на клупите по него, а нивната наставничка потоа се расплака. Видеото брзо стана вирално и досега го погледнале повеќе од пет милиони луѓе.

@yusarusan man… #school #arts #p023 #prom #fyp #xyzabc #lastdayofschool #deadpoetsociety #robinwilliams #ocaptainmycaptain ♬ original sound – soph🫶

Учениците беа инспирирани од филмот „Друштвото на мртвите поети“, чиј заплет се врти околу учениците од едно училиште чиј наставник покрај училишниот материјал ги учел и за животот. Тој предаваше литература, а поради него студентите го основаа „Друштвото на мртвите поети“ и тајно се среќаваа и читаа песни и дела на мртвите автори.

На крајот од филмот е трагичната смрт на ученик кој професорот го поттикнал да студира глума, но родителите не му дозволиле да го стори тоа. По трагедијата, професорот добива отказ, а потоа следи сцена од учениците кои го пречекуваат стоејќи на училишните клупи.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ