Соработничка на Трамп поднесе оставка од функцијата главен обвинител на Њу Џерси по судска пресуда дека нејзиното назначување е незаконско

9.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Соработничка на Трамп поднесе оставка од функцијата главен обвинител на Њу Џерси по судска пресуда дека нејзиното назначување е незаконско

Алина Хаба, поранешна адвокатка на американски претседател Доналд Трамп, а подоцна назначена од него за главна федерална обвинителка во Њу Џерси, соопшти дека поднесува оставка, откако федерален Апелациски суд пресуди дека нејзиното именување е незаконско и ја отстрани од надзор врз предметите.

Хаба објави на „Икс“ дека заминува од функцијата за „да ја заштити стабилноста и интегритетот на обвинителската служба“, околу која се разгори полемика поради контроверзиите околу нејзиното назначување.

„Но, немојте да ја мешате почитта кон судските одлуки со капитулација“, напиша таа.

Хаба најави дека ќе ја преземе новата улога како виш советник на американската државна обвинителка Пам Бонди, со фокус на работата со обвинителствата низ целата земја.

Министерството за правда предложи тројца кандидати за позицијата раководител на федералната обвинителска служба во Њу Џерси. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата