Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

СКАНДАЛ на избор за убавина: Мажот на првата придружничка скокнал на бината и и’ ја СКРШИЛ круната на победничката! (Видео)

1 јуни 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Натпревар за убавина во Бразил беше прекинат откако лут сопруг скокна на сцената и ја скрши победничката круна. На ЛГБТКИАП+ натпреваротпод името Мис Геј Мато Гросо 2023 година, победила Емануели Белини, но човек од публиката и ја расипал победата.

Локалниот медиум О Глобо објави дека сопругот на првата придружничка се качил на бината, ја зел дијадемата и ја фрлил на подот пред Белини да ја стави на нејзината глава. Организаторот на натпреварот Мелоун Хениш рече дека човекот мислел дека изборот не бил фер.

Првата трансродова жена на натпреварот

„Најостро го осудуваме инцидентот што се случи за време на крунисувањето. Изборот на жирито беше фер и сочувствуваме со избраната мисица, како и со второпласираната бидејќи таа не е одговорна за лудите ставови на нејзиниот сопруг, рече Хаениш.

Освен инцидентот, овогодинешниот избор го одбележа и учеството на Даниела Аројо Гонзалес, која влезе во историјата како првата трансродова жена која се натпреварувала за титулата Мис Универзум на Порторико.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ