Полицијата соопшти дека дошле до снимка на која се гледа како таа уринира на храната во продавницата каде што работела, а некои од нив датираат од 2021 година.
Бизарните постапки на младата продавачка, наводно, ја чинеле продавницата 1.500 долари за уништена стока и чистење, велат властите.
Во исто време, од полиците се извлечени пченкарно брашно, палента, сурови јаткасти плодови, органска киноа и кокос, пишува New York Post.
Властите велат дека пронашле повеќе видеа што Тедфорд ги објавила на интернет од нејзиното мокрење врз храната и на други локации. Така било заклучено дека не била погодена само продавницата во која работела, туку и локалната заедница.
Покрената е истрага за можни други кривични дела, а девојката е ослободена по апсењето до судењето на 7 април.