Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Мечка влезе во слаткарница и „се почести“ со 60 колачи, вработените во паника (ВИДЕО)

1 јуни 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Вработените во Taste by Spellbound Bakery во Авон ги ставале колачињата во комбе за да направат достава, но нивните планови биле спречени од мечката. Сопственичката на слаткарницата Миријам Стивенс изјавила дека слушнала врисоци од вработената Морин Вилијамс, како и предупредување дека во гаражата има мечка.

Тогаш Вилијамс се обидела да ја исплаши мечката, но таа се вратила три пати и се обидела да ја нападне. Така Вилијамс истрчала од гаражата, а на снимката од надзорните камери се гледа како мечката влече контејнер со колачиња, по што изела дури 60. Побегнала дури кога вработените ја исплашиле со сирени од автомобилите.

За среќа, никој не е повреден во инцидентот, но средбите меѓу луѓето и мечките се чести во Конектикат. Минатиот месец мечка касна за рака 74-годишна жена додека таа го шетала своето куче во градот Хартфорд. Според официјалните податоци, во Конектикат живеат меѓу 1.000 и 1.200 американски црни мечки, а минатата година биле видени во 158 од 169 градови во оваа американска држава.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ