Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Компанија од САД: Го дешифриравме геномот на изумрената птица додо, може да ја вратиме во живот

3 февруари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Претходно објавија дека планираат да го реинкарнираат тасманискиот волк и волнениот мамут.

Но, стартапот има уште многу работа пред да се „оживее“ додото. Научниците не можат да го реинкарнираат животот од нула, но ќе мора да откријат како да вметнат гени специфични за додо во ембрионот на веќе постоечко животно, пишува Business Insider.

„Следниот чекор е да се споредат генетските информации со гените на тесно поврзани птици како што се гулабот Никобар и осаменикот Родригез за да се открие точно кои мутации на додо создаваат додо“, изјави Бет Шапиро, водечки генетичар на проектот, за Си-Ен-Ен. Шапиро додава дека крајниот план на стартапот е повторно да ги доведе овие птици на Маурициус, каде што живееле пред луѓето да ги истребат.

Планот е „многу, многу предизвикувачки“, изјави за Гардијан Јуан Бирни, заменик директор на Европската лабораторија за молекуларна биологија, кој не е вклучен во проектот. И покрај тоа што беше многу напорна мисија, компанијата успеала да собере дополнителни 150 милиони долари за проектот. Според Bloomberg, оваа последна инвестиција го проценува стартапот на 1,5 милијарди долари.

„Постојат јасни етички прашања за создавање на вид кој е наменет да биде пуштен во дивината. Некои луѓе мислат дека ако нешто може да се направи, тогаш треба да се направи. Но, не сум сигурен точно која е целта на сето ова и ако ова е навистина најдобрата распределба на ресурсите.Прво треба да ги спасиме видовите што ги имаме пред да исчезнат“, рече Бирни.

Colossal Biosciences тврди дека преку ова истражување сака да помогне во зачувувањето на веќе постоечките видови. „Очигледно сме среде криза со истребување. Особено се радувам на унапредување на генетските алатки за спасување на загрозените птици“, коментира Шапиро.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ