Кинеското летало „Шенжоу-20“ прогласено за небезбедно, астронаутите ќе се враќаат со „Шенжоу-21“

14.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кинеското летало „Шенжоу-20“ прогласено за небезбедно, астронаутите ќе се враќаат со „Шенжоу-21“

Враќањето, првично закажано за 5 ноември, беше одложено поради сомневање за мал удар од остатоци врз вселенското летало „Шенжоу-20“.

На прозорецот од капсулата, имено, се пронајдени мали пукнатини, најверојатно предизвикани од удар од вселенски отпад. Затоа, екипажот на „Шенжоу-20“ ќе се врати на Земјата со вселенското летало „Шенжоу-21“. Астронаутите Чен Донг, Чен Жонгруи и Ванг Џие се во добра состојба, а сите системи за враќање на посадата се целосно подготвени, соопшти КМСА.

Кинеските власти претходно соопштија дека нивната вселенска станица „Тијангонг“ работи нормално и може да ги прими двата тима од Кина во Земјината Орбита. Новата можност за враќање е в петок, на местото за слетување „Донгфенг“ во Внатрешна Монголија. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата