Ќе се одржи Свечена академија по повод 100 години планинарски клуб Љуботен од Тетово

14.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ќе се одржи Свечена академија по повод 100 години планинарски клуб Љуботен од Тетово

Свеченост е закажана за утре, сабота 15 ноември од 18 часот во големата сала на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“, а влезот е слободен.

-Цел еден век зад нас стојат илјадници чекори, врвови, пријателства и спомени што нè поврзуваат. Сега е време сите заедно да се потсетиме на таа магија и да ја прославиме оваа неверојатна височина – 100 години „Љуботен“. Да се собереме сите што некогаш сме искачиле врв, споделиле патека или само ја почувствувале магијата на Шара. Да се потсетиме на нашите почетоци, на луѓето што го создадоа „Љуботен“, и да погледнеме кон иднината – кон нови врвови и нови генерации што ќе го продолжат духот на планинарството, се вели во поканата од клубот до сите заинтересирани граѓани.

Во рамки на свечената академија поздравни обраќања ќе имаат претседателката Гордана Сиљановска Давкова, претседателот на Федерацијата на планинарски спортови Зоран Читкушев и претседателот на ПК „Љуботен“ Јован Божиновски.

Дел од програмата е премиерна проекција на дел од документарниот филм што ја раскажува вековната приказна на „Љуботен“, прогласување на почесни членови и доделување плакети за трајни вредности и соработка, доделување на највисоки признанија, благодарници и награди за активни членови на клубот, како и мултимедијална изложба од ретки фотографии и незаборавни моменти од историјата на клубот. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата