Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Ја бара Интерпол, а таа троши илјадници долари на бифтек- ќерката на екс диктаторот ужива

5 февруари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Ќерката на поранешниот диктатор на Ангола изела стек што Солт Бае ѝ го става директно од ножот во уста. Цената на стекот што Изабел го јадела во ресторанот е и до неколку илјади фунти, пишува Дејли Мејл.

Инаку, Изабел се бара за измама, проневера и перење пари. Глобалната полициска агенција Интерпол објави црвена потерница за милијардерката од Ангола и бара од сите полициски служби во светот да ја лоцираат и уапсат. Дос Сантос се соочува со низа обвиненија за корупција, но таа продолжува да ги избегнува властите.

Изабел на Инстаграм ја следат 407.000 луѓе, а минатата година објави и фотографија од Светското првенство во Катар.

Инаку, ова не е прв пат контроверзни личности да го посетуваат ресторанот на Солт Бае. Виетнамскиот комунистички функционер То Лам беше снимен како рачно го хранат со златен стек во ресторанот на Солт Бае во Лондон во ноември 2021 година. Видеото беше објавено на TikTok профилот на Nusr-Et Steakhouse, но брзо беше избришано.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ