Девојката се подготвувала да испече крап пред камера, не сфаќајќи што ѝ се подготвува.
Во еден момент, рибата почнала да скока околу тавата, иако била исечена и зачинета, и на крајот завршила на подот! TikToker-ката останала запрепастена, а потоа врескаше и истрча од кујната.
Изгледаше како крапот да сака да избегне да се пече, а многу гледачи се обидоа да сфатат како „оживеал“.
@balamutka77 #рибалка🐟🐟🐟🎣 #готовка ♬ оригинальный звук - Balamutka
Одговорот најверојатно лежи во таканаречената мускулна меморија, феномен што науката долго време го објаснува.
Имено, иако рибата дефинитивно била мртва, имало активни клетки кои реагирале на „стимуланси“, во случајов лимон, сол и други зачини.