Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Девојче од САД си го уби братот: Жал ми е мамо, ме тераа демони (Вознемирувачко видео)

1 јуни 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

На снимката од камерата која била на телото на полицаецот се слуша како плаче девојчето и вели дека ѝ е жал.

– Многу ми е жал! Многу ми е жал мамо! Не сакав да се случи вакво нешто. Ова е некое демонско сра*е! Не знам што ми се случи – вика девојчето, чиј идентитет не се соопштува.

Девојчето им признало на полицајците дека го избодела момчето повеќе пати додека тој спиел во семејниот дом во Тулса. Убиството се случило нешто пред полноќ во јануари, а сега е објавена снимката.

На видеото се гледа и како мајката избезумено го следи девојчето и вреска по неа додека моли за прошка.

– Има убодни рани во градниот кош. Подобро молете се на Бога да е жив – се слуша како вели мајката.

12-годишното девојче веднаш ѝ кажало на полицијата дека ножот со кој го убила својот брат го фрлила низ прозорецот од собата. Се слуша и дека им нуди на полицајците да ги однесе до местото каде што паднал ножот.

Момчето било однесено на итна операција, но по нешто повеќе од два часа им подлегнало на раните добиени од три од убодите.

Мајката изјавила дека девојчето земало лекови.

– Никогаш немала проблеми во однесувањето додека не ги врати лековите што ги земала повеќе од една година – рекла мајката.

Таа додаде дека никогаш немала причина да верува дека нејзината ќерка е опасна.

– Нејзиниот брат никогаш нема да ѝ прости – рекла мајката додека разговарала со полицајците.

По апсењето, уапсеното девојче ги прашала полицајците дали мора да носи лисици. Додека седела во полициското возило, таа постојано повторувала дека си го „уништила животот“ и дека „остатокот од животот ќе го помине во затвор“.

– Си го уништив животот. Ја уништив целата своја иднина. Сѐ е моја вина. Само сакам да се разбудам од кошмарот – рекло девојчето.

Полициските снимки не откриваат потенцијален мотив за трагичното братоубиство.

Окружното обвинителство во Тулса не можеше да објави никакви информации за случајот, вклучително и обвиненијата поднесени против девојчето поради нејзината возраст.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ