Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Деветгодишно момче завршило средно и се запишал на факултет: Ќе бидам астрофизичар (ВИДЕО)

5 февруари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Балогун е веќе член на Менса и е еден од најмладите луѓе кои некогаш завршиле средно училиште на толку млада возраст. Неговите родители Хенри и Роња изјавиле дека нивниот син отсекогаш бил исклучително заинтересиран да учи за разни работи и затоа уште од мали нозе го подготвувале за академски успех.

Дејвид е многу заинтересиран за програмирање, но во иднина сака да биде астрофизичар. Во интервју за Фокс 43, Дејвид изјавил дека секогаш знаел дека сè е можно, само ако напорно работи за тоа.

„Сфатив дека можам да завршам средно училиште пред да наполнам десет години, само ако вложам многу труд и со помош на моите родители. Сакав да завршам средно училиште бидејќи знаев дека веќе имам способност да завршам. Па зошто да не ја искористам таа способност? Во иднина сакам да бидам астрофизичар и да ги проучувам црните дупки и суперновите“, рече Дејвид, кој официјално ќе ја добие својата диплома за средно образование во јуни.

Исто така, Балогун сака да биде инспирација за другите и да каже дека можеби не е единствениот кој ги има овие способности и дека тоа што го постигнал е многу возможно. Неговите родители, кои исто така се факултетски образовани, сакаат Дејвид да постигне сеѐ што сака и сакаат тој да го реализира својот целосен потенцијал.

„Морав да размислувам пошироко. Дејвид има девет години и има мозок кој е способен да обработува податоци и да разбира работи што дури и некои возрасни не можат“, вели неговата мајка Роња. Дејвид во слободно време сака да игра со сестра си, а хоби му се карате и бејзбол.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ