Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Чајот од нане лек за стомак, ама и за ВИШОК КИЛОГРАМИ

27 ноември 2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Се подразбира дека не постои напивка која магично ќе ве натера да ослабете преку ноќ. Меѓутоа, чајот од нане може да биде многу корисен ако се обидувате да се ослободите од салото од стомакот. Нутриционистката Кортни Д’Анџело за списанието „Eat This, Not That“ открила дека чајот од нане е еден од најдобрите пијалаци за слабеење.

„Нема калории. Има сладок вкус и ќе можете да го намалите апетитот и желбата за слатки. Освен тоа, нането има антивирусни, антибактериски и антиинфламаторни својства. Исто така, ги решава дигестивните проблеми“, вели таа.

Истражувањето објавено во „Journal of Clinical Gastroenterology“ покажало дека учесниците кои консумирале нане можеле да го ублажат синдромот на нервозно црево. На овој начин ја намалиле и надуеноста на стомакот. Нането ги ублажува грчевите на мазните мускули, кои можат да бидат предизвикани од менструацијата.

Овој чај не содржи кофеин, а позитивно влијае и на менталниот капацитет. Истражувањето на Универзитетот Нортамбрија покажа дека нането го подобрува расположението и меморијата.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ