Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

„Парни ваљак“ официјално го претстави пејачот, кој ќе го замени Аки Рахимовски

22 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

“Моја глава, мои правила, подвиг. Игор Дрвенкар, четврток, 23.03. во 12:00 часот. Премиера на нашата нова песна на радио станиците низ регионот и видео на нашиот канал на YouTube”, објавија тие на нивната официјална веб-страница, со што потврдија дека отсега ќе настапуваат со пејачот Игор Дрвенкар, 31-годишникот кој на хрватската јавност веќе ѝ е познат преку шоуто А Страна.

Игор пеел во различни бендови, а се испробал и во неколку мјузикли, меѓу кои Исус Христос Суперстар и Убавицата и ѕверот. Тој ги забавуваше загрепчани на пречекот на 2022 година. Претходно имало гласини дека Игор ќе биде новиот фронтмен на бендот, но бендот дури денеска ги потврди гласините.

Аки Рахимовски почина лани во јануари на 66-годишна возраст.

Првата постава на „Парни ваљак“ ја сочинуваа: Аки Рахимовски (вокал, пијано), Хусеин Хасанефендиќ Хус (соло гитара, акустична гитара, вокал), Среќко Антониоли (тапани), Златко Микшиќ – Фума (бас гитара) и Јурица Паѓен (соло гитара , акустична гитара). Во својата 30-годишна кариера, Парни ваљак објави 16 студиски албуми, 14 синглови, 5 албуми во живо, 4 компилации и 2 концертни ДВД.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ