Фото: Ричард Гир со сопругата на премиера на нивниот документарен филм во Мадрид

9.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Ричард Гир со сопругата на премиера на нивниот документарен филм во Мадрид

Двојката, која ги има синовите Александар (6 год.) и Џејмс (5год.), блесна пред фотографите, Ричард во темно сино одело со бела кошула и црни чевли, додека Алехандра се одлучила за црн смокинг со сатенски детали што ја истакнуваат нејзината беспрекорна фигура.

Поранешниот заводник на секој чекор ја покажуваше својата љубов кон помладата сопруга, а во неколку наврати страсно ја штипнуваше.

Филмот, кој го продуцираше двојката, има за цел да ја подигне свеста и емпатијата за проблемот со бездомништвото.

Претходно годинава, Гир постави преседан прикажувајќи ги своите најмлади синови на семејна фотографија, додека ја промовираше непрофитната организација „Отворени раце“, која обезбедува бесплатен сместување за луѓе кои патуваат на медицински третман.

Ричард е активен во хуманитарната работа со години, а во 2019 година беше на спасувачки брод во Средоземното Море, помагајќи им на мигрантите од Либија.

Во интервјуата, двојката нагласи колку се среќни што живеат во Шпанија откако се преселија од САД. Алехандра го пофали Гир како посветен и присутен татко:

- Тој сака да им чита приказни. Се чини како идилична сцена, но вистина е - тој е одличен татко.

Мегапопуларниот актер претходно објасни дека се преселиле во Шпанија затоа што Алехандра е таму и нивните деца зборуваат два јазика, што им овозможува подобро да се развиваат.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата