Ди Каприо: ВИ не може да биде уметност

9.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ди Каприо: ВИ не може да биде уметност

На 8 декември, списанието и уредниците го прогласија актерот за „Уметник на годината“, па во придружното интервју, тој се осврна и на јавната дебата за употребата на ВИ во филмот. Имено, иако „Оскаровецот“ гледа потенцијал во технологијата како „алатка за подобрување“ за филмските работници, тој не замислува дека таа може да ја замени човечката креативност.

- Мислам дека сè што се смета за вистинска уметност мора да доаѓа од човечко суштество. Инаку, не сте ги слушнале ли овие песни што се миксови и се апсолутно брилијантни, та си мислите: „О, Боже, тоа е Мајкл Џексон како го свири 'Виненс',“ или „Тоа е фанк од 'Бонита еплбам' на 'Трајб колд квест', изведена со глас како Ал Грин во соул-песните“, и тоа е брилијантно. И си велите: „Одлично“. Но, тоа добива 15 минути слава и едноставно се распрснува во етерот со другото „интернет-ѓубре“. Нема ништо што го застанува. Нема ништо човечко во тоа, без разлика колку е брилијантно, рече Ди Каприо.

Тој продолжи со своите размисли за иднината на киното, признавајќи дека „нема поим“ каков ќе биде следниот тренд.

- Бидејќи е направено толку многу што ги промени работите, а некои од овие режисери се толку талентирани во мигов, и прават толку многу различни работи во истовреме. Што е следното нешто што ќе ги потресе и шокира луѓето во киното?, рече 51-годишниот актер.

Натаму во разговорот, тој дискутираше и за неговата „филозофија“ за справување со животот во центарот на вниманието.

- Тоа е рамнотежа што се обидував да ја одржувам во текот на целиот мој живот на возрасен, но сè уште не сум стручњак во тоа. Мислам дека мојата едноставна филозофија е да излезам и да правам нешто само кога имам што да кажам или покажам. Инаку, едноставно, ме снемува колку што може. Си мислам: „Добро, како да имам долга кариера?“ Го сакам она што го правам и веројатно најдобриот начин да имам долга кариера е да не им се наметнувам на луѓето, додаде глумецот.

Претходно, на 8 декември, официјалните лица на доделувањето на наградите „Златен глобус“ во 2026 година објавија дека новиот филм на Леонардо ди Каприо, „Една битка по друга" (One Battle After Another), е номиниран во девет категории, а самиот тој е номиниран за најдобар глумец во филм - мјузикл или комедија.  

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата