Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

УБАВИНАТА, СЕПАК, НЕ Е МИНЛИВА. Еве ја Натали Грубовиќ, најголемата наша Бинго ѕвезда

4 февруари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Се сеќавате ли на можеби најпознатата ТВ водителка на игри на среќа, некогашната македонска манекенка и модел Наталија Грубовиќ. Се прослави како „вечна партнерка“ на најпознатиот македонски шоумен, актер и ТВ водител Игор Џамбазов, кога во „златните времиња“ обајцата не се симнуваа од ТВ екраните, зашто луѓето тоа од нив го бараа, а гледачите неизмено ги сакаа.

Тие заедно ги водеа наградните игри: „Џандар Збира“, „Тркало на среќата“ и „Супер Бинго“, по кое станаа мегапопуларни, особено натали, а фразата на Џамбазов: „Натали, дај му сега на човекот“, постана и остана, слоган за сите времиња што вечно ќе се памети.

Но, времињата се сменија, игрите на среќа какви што ги паметат повозрасните со таков обем на популарност каков што имаа во деведесеттите исчезнаа, ама затоа останаа сеќавањата на нив и на славните водители.

За Џамбазов горе-долу денес многу нешта се познати, а Наталија Грубовиќ откако заминаод Македонија и се омажи во соседна Србија за бизнисменот Дрен Глушац, се помалку ја има или јавноста ја споменува.

Натали веќе неколку години живее во Нови Сад, а пред неколку година таа се оствари и во улогата на мајка, откако „не само што му даде на човекот“, туку и му подари и нему и себе си, прекрасна ќеркичка која токму таткото реши да и даде име по својата убава сопруга, па така, големата, сега ја има и малата Натали. Или мама Натали и бејби Натали, која сега е веќе речиси петгодишно девојченце.

Наталија Грубовиќ која според нејзините изјави за домашните медиуми, повеќе не се пронаоѓа во шоубизнисот и тоа за неа е едно убаво минато.

Она што е очигледно и евидентно е дека оваа жена навистина не старее. Натали Грубовиќ и пред дваесет и пред десет години и денес… буквално изгледа исто!

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ