Vreme.mk - Дознај на Време.

Техно

Монструмот од графичка nVidia RTX 4090 - СЕ ТОПИ! Има ли решение за катастрофата

12 ноември 2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Откако корисниците почнаа да известуваат за топење и палење на адаптерот RTX 4090 12VHPWR, Nvidia ја презеде истрагата во свои раце.

Од Nvidia се уште нема официјални информации, но благодарение на дисекцијата на Nvidia 12VHPWR адаптерот, најверојатно е откриена главната причина за споменатите проблеми.

Едноставно, самиот конектор 12VHPWR треба да биде безбеден, но адаптерот што Nvidia го испорачува со новите графички картички RTX 4090 може да предизвика сериозни проблеми.

Извештаите за палење графички процесори RTX 4090 што се појавија досега користеле адаптер од 12VHPWR. Тимот од Igors Lab направи експеримент со расклопување на адаптерот на Nvidia и откри неколку проблеми во квалитетот на производството.

На пример, точките за лемење се слаби, додека мостовите се премногу тенки и двата елементи лесно може да се скршат кога кабелот е свиткан или заплетен.

Извештајот заклучува дека најголемата причина зошто графичките картички RTX 4090 се топат е поради лошото производство на адаптерот, кој не е подготвен за пазарот.

Nvidia сè уште спроведува сопствена истрага за ова прашање, но доколку откриениот проблем се покаже како точен, се очекува овие адаптери да бидат заменети.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ